ХРИСТИНА СИЛЈАНОВСКА ЈОСИМОВСКА-УМЕТНИК

0
304

УМЕТНИК НА ДЕЛА СО ФИЛИГРАН ТЕХНИКА ОД СРМЕН КОНЕЦ

Македонската уметничка креативност најдобро е изразена во прекрасните филиграни, врвни дела на големите стари мајстори со неверојатна прецизност, деталност, богатство од форми, симболи и раскош.

 Овој вид уметност ја отсликува традицијата на народната уметност,а истата ја изведува нашата сограѓанка  Христина Јосимовска од с,Миладиновци-Илинден. 

Млади во народна носија изработено од срма

Таа пронајде фантастичен начин да ја пренесе убавината на македонскиот фолклор, но и елементи од модерната култура. Христина  е горда мајка на две деца, успешен уметник и македонка која може да каже дека успеала нејзино дело да го има и во другите странски држави како Австралија,Америка Гермаија и сл. Со неа разговаравме за креирањето импресивни филиграни од срма, за убавината која ја опкружува и инспирира непречено да твори и со тоа да остави свој белег во македонската народна уметност на рачно изработени дела.

Филигранот е една од најстарите и најубави уметнички форми создадени од човекот. Оваа техника се користи со векови во Македонија. Но,во поново време се појави нов вид на изразување на филигранската уметност – прикажување на филигрански форми со срмен конец. Филигранот со срма е специфичен вид на уметност препознатлив само за Македонија и слободно може да се каже дека е уникатна уметничка форма.

ПАВТА  Украс за колан на носија со мотив од Галичка петлица

Во делата преовладува сребрената пеперутка, павтата украс за колан на носија, ангелот, крстот, претежно мотиви од македонскиот фолклор и традиција.

 Мотивите во нејзините дела се најразлични. Застапени се теми од пребогатата ризница со македонска традиција и фолклор,икони  и сл но неизостануваат и современи форми.
Особено внимание Христина посветува  на оригиналноста. Со таква подготвеност секое нејзино дело е за гордост.

Еден од штитовите на Александар Македонски со симбол на вечноста
Икона на Св Богородица
Крст во срма

Љубовта кон филигранот и се јави уште од нејзиното најрано детство. Воодушевена од филиграните сработени од старите охридски мајстори во неа ја создадоа желбата еден ден и таа да изработа таква безвременска убавина. Македонскиот фолклор и традиција се нејзината најголема инспирација.

Св.Ѓорѓија
Обетки -гулабици

Да се работи со оваа техника воопшто не е лесно ниту едноставно, бара исклучителна трпеливост,внимание, креативност….

Но, со секојдневна работа и експериментирање се доаѓа до усовршување на техниката .. И тоа усовршување никогаш не престанува. Секогаш постои нешто ново што може да се вметне и надгради.

Сето трпение, умешност, прецизност, оригиналност вткаени во изработката на срмениот филигран му дава личен печат, а луѓето тоа знаат да го препознаат и почитуваат.

Пеперутка во 3-д

Надвор од границите на нашата земја луѓето пополека ја осознаваат оваа прекрасна техника. Секогаш има пофални коментари бидејки особено ја почитуваат рачната уникатна изработка.
Интернетот ги прави достапни сите информации и побудува интерес кај многу луѓе од различни земји. Многу и пројавуваат желба да се изработи и со таа техника нешто од нивната  култура и стара архитектура што за неа претставува вистински предизвик.

Најголема подршка за нејзиното творештво Христина ја  има од нејзиното семејство. Со правилна организација на работите и давање приоритет во одредено време може се да се постигне. Христина е горда мајка е на две прекрасни деца кои веќе се пораснати и секој ја презема својата одговорност и задолжение. Секако, и нејзиниот сопруг учествува во сето тоа и се одржува речиси совршана рамнотежа. Воедно тој е и најголемиот поддржувач ,но и најголем добронамерен критичар.

Во нивното семејство се почитува и сака уметноста,покрај неа и нејзиниот  татко е исто така е уметнк аматер  и слика со уљани бои на платно,  исто така и нејзината керка успешно ја совлада техниката со филигран – срма и веќе самостојно издработува свои дела кои мора да се признае дека веќе достигнува прецизноста и креативноста, на мајка и Христина..

Уметнички дела кои преставуваат гордост за сите  жители од нашата средина.

Населба Илинден на Христина и посакува уште поуспешно творештво во иднина.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -10 ЈАНУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -11 ЈАНУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука