ДАРКО ДОДЕВСКИ-ФУДБАЛЕР ,на позицијата од среден ред.
Роден на 21.03.1998г.,во Скопје ,живее во Текија-Илинден,основно училиште заврши ОУ„Браќа Миладиновци“ ,с.Миладиновци.
На 7 годишна возраст започна да се занимава со фудбал во младинската школа „ Илинден“ кај тренерот Славе Радовски .
На 10 годишна возраст ја освои награда најдобар играч на турнир на кој МФШ Илинден го освои првото место .
На турнирот во фудбал во Инџија –Србија ,настапувал за МФШ Илинден каде беше освоено 3-то место.
По неколкугодишен престој и изучување на основните фудбалските вештини во фудбалската школа Илинден на неговата 12 годишна возраст ,премина во ФК „Маџари –Солидарност“ со тренерот Сашо Рајатовски каде настапуваше за пионерите и кадетите.
Во 2013 година премина во ФК„Вардар“-Скопје, каде стандардно настапува за младинските категории,а има одиграно и 4 настапи за „Б“ екипата на Вардар.
Неговите игри беа забележани од Селекторот на младинската за репрезентацијата на Македонија до 17 и 18 години,каде настапи на 10-тина натпревари.
Во 2015г . со екипата на Вардар у-17 играше во тимот, кој го освои националниот куп на Македонија и ,а неговата екипа стана вицешампиони во лигата.
Денес настапува за младинската екипа на ФК„Вардар“-Скопје.
Инаку Дарко Додевски е матурант во ДУФК„ Методи Митевски Брицо“-Скопје.
Населба Илинден ,на Дарко му посакува успешна фудбалска кариера,се надваме дека успехот што го постигнаа поранешните и денешните асови од Илинден:Боре Тргачевски,Влатко Гроздановски,Дарко Глишиќ и други во ФК Вардар ќе го постигне и тој
