ЃОКО АЛЕКСОВСКИ-ФУДБАЛЕР(на фотографиите доле, во клубски и репрезентативен дрес).
Роден е на 09.07.1993г. во Скопје ,живее во Марино о.Илинден.
Ѓоко Алексовски фудбалската кариера ја започна во 2002 год., во најмладата школа (петлиња) во фк Вардар-Скопје.
Во 2003 год.помина во МФК Илинден од н. Илинден најпрво во категоријата пионери,кадети и младинци под воство на тренерот СлавеРадовски.
Во младинската школа на ФК Илинден беше прогласен за најдобар фудбалер на генерацијата.
На 17 годишна возраст покрај неколкуте понуди ја одбра понудата од Цементара Скопје.
На 18 години премина и настапуваше во ФК Евромилк-Горно Лисиче, каде екипата се подготвуваше за влез во првата Македонска лига.
Неговата игра беше збележана од Селекторот на младинската фудбалска репрезентација на Македонија и доби повик за репрезентација на Македонија до 18 год.
Потоа доби повик за репрезентација до 19 год. и беше стандарден член на репрезентацијата каде што го помина квалификациониот циклус 2012 година во Струмица.
За младите фудбалски репрезентации на Македонија У-18 и У-19 има повеќе од 30 –тина настапи и три официјални квалификации.
Од 2013г. е член на ФК Скопје,втора Македонска лига,кади денес настапува.
Во 2014год. беше на квалификации со Македонската Б-репрезентација во Wroclaw,Poland.
Покрај фудбалот ,Ѓоко е и апсолвент на Факултетот за Физичка Култура –Скопје .
Населба Илинден ,му посакува успех во неговата спортска кариера.
