МЕЛАНИЈА АТАНАСОВСКА-спортски јавач на коњи.
Родена на 14.10.2005 година во Скопје,живее во н.Илинден и учи во О.У Гоце Делчев во 7б одделение.
Со јавање коњи започна да се занимава од нејзината 7 годишна возраст,а со спортско јавање или прескокнување пречки се занимава активно 2,5години.
Љубовта кон коњите се родила и се родила од најмала возраст ,потекнува од семејство во кое од секогаш се одгледувале домашни животни,а кое денес има во сопственост голема сточарска фарма .
Љубовта кон коњите почна да ја покажува уште како мала,па така желбата за јавање коњи стануваше се поголема.Член е на коњичкиот клуб Анималс, а нејзин тренер е Слободан-Боби Гроздановски.
Меланијa тренира и настапува со грлата Сандра и Дон,кои се во сопственост на нејзините родители.
Со грлото Дон започна да се натпреварува во 2016 година и тогаш почнува и да ги постигнува и нејзините успеси. Има учествувано на неколку меѓународни натпревари, како кај нас така и во соседните држави во Софија-Бугарија,Тирана-Алб анија и Нови Сад- Србија.
.Во Бугарија учествуваше во дебитанти,а во Албанија скокаше во 90см.Целото тоа искуство придонесе да на меѓународниот натпревар што се одржа во октомври -2016 година на стадионот Локомотива во Карпош –Скопје ,Меланија да го освои трето место во категоријата деца во скок од 100см.
На овогодинешниот јулски натпревар во Скопје Меланија ја освои златната медаља во истата категорија само што висините беа 100см и 110см.
Неодамна Меланија настапи на меѓународниот натпревар Во Нови Сад ,на истиот го освои трето место во висина 100см.
Покрај училишните обврски таа успева секојдневно да тренира и целосно да му се посветува на овој многу специфичен спорт.
Нејзина најголема желба да скока на Лонгинес, а идол ѝ е нејзиниот тренер Слободан-Боби Гроздановски и посакува да освои медали и трофеи колку што освоили нејзиниот тренер.
Освен за училиштето и за своето хоби, таа нема многу време ,a најисполнета е кога ќе освои нов медал тогаш се чувствува најубаво,и најзадоволна затоашто нејзиниот труд излегува и на виделина и се носи со мислата дека целиот свет е нејзин.
Оваа објава за нас е особена значајна, затоашто преставува нешто што до сега не сме објавиле друго лице да се занимава со овој спорт. Меланија е прв натпреварувач како јавач на спортски коњи и единствена од од нашата средина.
Населба Илинден на Меланија и посакува успешна кариера во овој атрактивен но сепак тежок и скап спорт.
Родена на 14.10.2005 година во Скопје,живее во н.Илинден и учи во О.У Гоце Делчев во 7б одделение.
Со јавање коњи започна да се занимава од нејзината 7 годишна возраст,а со спортско јавање или прескокнување пречки се занимава активно 2,5години.
Љубовта кон коњите се родила и се родила од најмала возраст ,потекнува од семејство во кое од секогаш се одгледувале домашни животни,а кое денес има во сопственост голема сточарска фарма .
Љубовта кон коњите почна да ја покажува уште како мала,па така желбата за јавање коњи стануваше се поголема.Член е на коњичкиот клуб Анималс, а нејзин тренер е Слободан-Боби Гроздановски.
Меланијa тренира и настапува со грлата Сандра и Дон,кои се во сопственост на нејзините родители.
Со грлото Дон започна да се натпреварува во 2016 година и тогаш почнува и да ги постигнува и нејзините успеси. Има учествувано на неколку меѓународни натпревари, како кај нас така и во соседните држави во Софија-Бугарија,Тирана-Алб