23.8 C
Skopje
понеделник, април 21, 2025
Место за реклама
Атанасовски
дома Историјат Образование низ времето

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

ООУ Гоце Делчев, 8-мо „Б“1977 година

0
@OOУ "Гоце Делчев" - н.Илинден. Класен раководител  Димче Перчинковски, на фотографијата : Горе. Гордана Анчевска,Лилјана Тодоровска,Сузана Ѓориќ, Катица Велковска ,Димче,Соња Ваневска,Олгица Петковска, Борка Трпевска и Данче Ѓориќ Доле,Љубица Јакимовска, Јасминка Горгиевска Благица Ваневска и Славица Арсовска...

Училишен хор при ООУ Г. Делчев-1974г.

0
Фотографија од училишниот хор при ООУ Гоце Делчев , во 1974 година,предводен од наставничката Елена. Во хорот препознаени од Стојанка Таневска покрај другите ги препознава :Стојанка Таневска,Светлана Гешева и Зорка Петровска.

Наставничката Светлана со своето 3-а одд

0
ООУ Гоце Делчев -н. Илинден,наставничката Светлана Гешева со своето 3- а одделение

Учителката Паца Пауновска со своето прво-„г“одд.

0
Ооу Гоце Делчев ,учителката Паца Пауновска со своето прво „г“ одделение Prv red od levo kon desno: Božinovska Gore Done, Adem, Zlatko Gjorgievski, Sašo Spasovski - Čakmak, Branko Pejčinovski, Blaže Donev, Sašo Angelovski, Laste Dimitrievski,...

Генерациска средба на 8-мо „Б“

0
ООУ Гоце Делчев-н. Илинден , 30 години по завршување на основното образование, на генерација родени 1968/69 ,средбата е одржана во 2014 година

Драгица Ѓорѓиевска со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев-н. Илинден , фотографија на одделението на наставничката Драгица Ѓорѓиевска, околу 2000 -та година.

Наставничкиот кадар при ООУ Браќа Миладиновци

0
На фотографијата наставничкиот кадар при ООУ „Браќа Миладиновци “ од Миладиновци -Илинден, фотографиран во учебната 2022/23

По неколку децение во училишна клупа

0
ОО У Гоце Делчев ,по неколку децении поранешни ученици со наставничката Македонка пак во училишните клупи

Први учители по македонски јазик во н. Илинден

0
*14 септември 1945г. Во  Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија  ,а...

Денес пуштена е во употреба доградбата на градинката „Гоце Делчев“

0
-Денес на  трети Септември 2024 година  во употреба пуштен  делот од доградбата  на детската градинка „Гоце Делчев“ На свеченоста присуствуваа премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани,...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ