12.8 C
Skopje
вторник, март 25, 2025
Место за реклама
Атанасовски
дома Верувања и Обичаи Обичаи поврзани со свадби

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

 Зошто се крши погача на свадба

0
Обичајот на кршењето погача од страна на родителите на младоженците за време на свадбените веселби апсолутно го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба на која не се...

Свадба на Стоиле и Олгица

0
Фотографија од свадбата на Стоиле и Олгица во 1961 година. Стоиле Лазевски , потекнува од родот Трпковчани од Миладиновци, а Олгица и од Ниш . После свадбата долги години живееја во Скопје , а денес повторно...

Свадбена веселба во Аџиевци

0
Фотографијава означува некоја веселба највероватно во родот Аџиевци, затоашто на истата претежно се лица од родот Аџиевци или други од родови блиски роднински врски поврзани со тој род.

Тоде и Ботка, 50 години заедно

0
Фотографија од свадбата на Тоде и Ботка Илиевски и денес после 50 години

Златна свадба на Томе и Мира Ѓорѓиевски

0
На 23 јуни 2024 година по повод 50 години - златна свадба, во храмот Свети Константин и Елена во н.Илинден, пред  најблиски роднини, нивни деца и внуци се одржа венчавање на Томе и Мира...

Свадба на Раде и Вера-1974 г.

0
Фотографија од свадбата на Раде и Вера Станчевски од Илинден во 1974 година, направена на чинот на венчавањето во црква.

Свадба на Владо и Владанка

0
Фотографија од свадбата на Владо и Владанка Блажевски од родот Панушкови во 60-те години од минатиот век. Рачен девер на свадбата, Бранко Дурански

Свадба на Војче и Иконија-Марино

0
Свадба на Војче и Иконија-Марино Фотографија од свадбата на Војче и Иконија во 70-те години од минатиот век. Во тој период сите свадби се правеа во домашни услови на отворено, пред ручекот невестата се поздравуваше бакнувајќи...

Слика од свадбата на Марина Димовска

0
На фотографијата мајката Дика со ќерките Марина -невестата и Звездана,кои потекнуваат од родот Аџиевци од Илинден. Фотографијата е од 1979 година .

Зошто невестата секогаш е на левата страна на младоженецот

0
Оваа традиција датира од времето кога браковите биле договорени, а киднапирањето било честа работа на свадбите. Поради тоа младоженецот секогаш морал да биде претпазлив, па невестата се наоѓала од левата страна затоа што мечот...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ