Во срцето на Илинден(Кадино), Билјана Фарм се издигнува како симбол на традиција и квалитет и производството на свежи конзумни јајца. Основана во 2001 година од Гоце Ваневски и Билјана Ваневска, нивната фарма е резултат на долгогодишно работење и посветеност на семејството.
Сеќавајќи се на почетоците, Гоце со гордост го започна овој бизнис, со визија да понуди свежи и здрави производи на локалното население. Со текот на времето, неговите синови, Мартин и Антонио, се приклучија во фамилијарниот бизнис во своите тинејџерски години, донесувајќи нови идеи и модерни практики. Заедно,создадоа тим кој комбинира традиционални методи со иновации, со цел да се постигне највисок квалитет.

Со внимателен процес на контрола и стандардизација, нивна грижа да понудат производи кои се богати со хранливи состојки и вкус.
Гоце, Мартин и Антонио работат заедно со цел да осигураат дека секое јајце што излегува од нивната фарма е свежо, вкусно и полно со енергија.
Како посветена семејна компанија, тие се горди што можат да ја поддржат локалната економија и да ги задоволиме потребите на нивните клиенти.
Вашата доверба е нивна најголема награда, сегогаш со стремеж да го задржат тој висок стандард на квалитет.
Затоа Ве повикуваме да го посетите го нивниот БИМАГО маркет кој се наоѓа во с.Кадино Општина Илинден , каде можете да ги купите и пробате нашите јајца – совршени за појадок.
Не се двоумете, изберете ги производите на „Билјана Фарм“кои се одликуваат со свежина, квалитет и семејна традиција! Дозволете им да бидат дел од Вашата кујна и Вашиот живот. За дополнителни информации и нарачки, слободно контактирајте не