Свечано одбележан денот на Македонската револуционерна борба

0
304

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден,предводена од Градоначалникот Александар Георгиевски.

 Делегација предводена од пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни институции и установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден и невладини организации месни заедници и граѓани.

Во рамки на одбележувањето на празникот во просториите на Домот на култура во Миладиновци се одржа и шаховски турнир на кој учествуваа 16 шахисти членови на здружението на пензионери „Илинден“ кои беа поделени во две групи.

Од сите 16 учесници првото место го освои Трајче Христовски од Бунарџик, второто место го освои Душко Сурловски од Марино, третото место го освои Миле Спасовски од Миладиновци и четврто место за Димитар Мицевски.

Претходниот артикал,Коџак, Станка и Цобе
Следната статијаФотографија од Ноември 1983 година

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука