*23 февруари 2013.- По долго боледување почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар – Скопје. Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар – Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата. Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на функцијата. Добитник е на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2012 година, за долгогодишни остварувања во културата.

*23 февруари 1867 година, во Охрид е роден генералот Александар Протогеров, еден од лидерите на историското ВМРО .Александар Протоѓеров во македонското револуционерно движење влегол многу порано пред почетокот на меѓусебни вооружени пресметки.На 7 јули 1928 година врз него бил извршен атентат врз Александар Протогеров во Софија од страна на тројца атентатори: Стефанов, Гузданов и Витларев, под раководство на Кирил Дрангов од михајловистичкото крило на ВМРО. Притоа бил убиен и неговиот телохранител Атанас Гоцев Наредбата за атентатот била издадена од Иван Михајлов, под обвинение дека Протоѓеров учествувал во заговорот против Тодор Александров. Суштинската причина за убиството на Александар Протоѓеров била борбата за превласт во редовите на терористичката ВМРО, каде Иван Михајлов решил преку физички ликвидации да ги отстрани сите негови евентуални конкуренти за лидерското место во ЦК.
*23 февруари 1915.- Во Охрид е роден Борис Бојаџиски, македонски раскажувач, новинар и публицист. Автор е на пиесите за деца „Дадовме збор“, „Милка“, „Дедо Мраз и кај нас“, на збирките раскази за деца „Првите цутови“ и „Чекори што не можеа да запрат“, како и на монографијата за народниот херој Орце Николов. Умре во Охрид, на 9 мај 1959 година
*23 февруари 1937.- Во селото Луковдол, Струшко, е роден Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар. Негова прва објавена книга е „Еден малечок свет“ (поезија, 1967). Пишуваше и раскази и романи. Умре во Скопје, на 19 јуни 2001 година.

*23 до 28 фебруари 1962г. Не се одржуваше настава во училиштето во Илинден поради епидемија од грип.За помладите генерации по 1960 година сигурно не им е познато како изгледал домот во Илинден пред земјотресот во 1963 година , во случајов источната страна на домот.

*23 февруари 1967 година во Скопје како национална научно-творечка установа е основана Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). За нејзин прв претседател беше избран Блаже Конески (1967-1975), а од 1 јануари 2016 година претседател е Таки Фити.

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа: Коле Чашуле, Јосип Броз – Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959).
Во нејзиниот состав функционираат пет научни центри (Центар за генетско инженерство и биотехнологија, Центар за енергетика, информатика и материјали, Центар за ареална лингвистика, Центар за лексикографички истражувања и Центар за стратегиски истражувања), како и пет оддели (Оддел за лингвистички и литературни науки, Оддел за општествени науки, Оддел за математички и технолошки науки, Оддел за биолошки и медицински науки и Оддел за уметност).
*23 февруари 1979. – Починал актерот Ќемал Ајдини, еден од доајените на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје. На сцената на овој театар одигра над 70 улоги, меѓу кои останале запаметени оние во „Сонот на летната ноќ“ од Шекспир, „Свадба“ од Гогољ, „Вујко Вања“ од Чехов, „Големата вода“ од Живко Чинго и многу други. Играл и во неколку домашни играни и телевизиски филмови. Театарот во неговиот роден град Дебар во негова чест го носи името Ќемал Ајдини. Роден бил во 1935 година.

*23 февруари 1994.- На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем “Попова Шапка”.
*23 февруари 1999.- Умре Ристо Стиков, македонски новинар. Роден е во 1943 година.
*23 феврусри 2001.- Во Скопје, претседателите на Република Македонија и на СР Југославија, Борис Трајковски и Воислав Коштуница, го потпишаа Договорот за обележување на границата меѓу Република Македонија и СР Југославија. После 88 години, за првпат во историјата од српската окупација врз Вардарскиот дел на Македонија во Балканските војни 1912-1913 година со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, дефинирана е границата меѓу Македонија и Србија.

*23. Февруари 2004. – После долгогодишно илегално работење (познат како Малоречанскиот Универзитет), со политички консензус, Донесена Одлука за формирање (легализација) на втор тетовски универзитет после Штуловиот – Државен Универзитет во Тетово – ДУТ. (сл.весник 8/2004).

* 23 февруари 2005г. во Скопје почина Ристо Џунов Бацко.Тој е роден во Ваташа во 1919 г. Во НОВ е вклучен од 1941 година, бил еден од првите борци на одредот “Добри Даскалов“, во кој ја врши функцијата зам. политички комесар на чета. Ја раководи партиската техника и активно учествува во печатење ма летоци и повеќе илегални весници. Во 1944 г. е секретар на Околискиот народен одбор во Кавадарци. По ослободувањето е републички и сојузен пратеник, секретар на Владата на НРМ, секретар на Президиумот на Собранието на НРМ, потпретседател на Извршниот совет на НРМ, амбасадор на СФРЈ во Кралството Шведска (1971-1978). Носител е на Партизанска споменица 1941 г.