Прв камион 1958
На сликата првиот камион во сопственост на стопанството 1-Мај,со група вработени во 1958г,радост и гордост за селото.
Сезонски работнички во 1-мај
Млади девојки од Илинден и од Витина во стопанството 1-МАЈ,копаат патлиџани , на местото од денешното повеќенаменско игралиште до управната зграда која постои и денес,сликата е од 1959/60 г. —
Земјоделско Стопансто 1-мај
Земјоделското стопанство 1-ви МАЈ ,формирано во 1954г.,во своето 60-годишно постоење повеќе пати претрпело повеќе организациски трансформации.Постои и денес со име ДСЗ Илинден.
Вршидба за време колективизацијата
Слика од времето на Колективизацијата1950-1953г. ,кога сите селани колективно ја вршеле летнината на едно место(на селското гумно) ,а потоа секое семејство добивало соодветен дел жито спрема тоа со колку членови учествувало во работата
Време на колективизација-1950
Жители од Илинден сликани во 1950г. во времето на колективизацијата на работна акција,на собирање сено.