Марјан Стамески – Кадино е првиот коњаник кој учествувал на илинденски марш од нашата средина(Според негови кажувања).
Години наназад во организација на Здружението “Илинденски марш 1978” и манифестацијата “10 дена Крушевска република” го одбележуваат непокорот на македонскиот народ, сеќавајќи се на храбрите жртви за македонската република.
Тој е горд што баш во тој период 2017 година бил учесник на маршот од лични и идеолошки причини и тој момент се уште го чуствува како прекрасно доживување исполнето со многу емоции љубов кон делото на нашите предци, комити , илинденци кои се бореле и поголемиот дел од нив и животот го положиле за ослободување на Македонија.
Сеуште го чуствува топлиот прием од граѓаните на Крушево на самиот влез во градот,
Карактеристично за овој марш, според кажувањето на Марјан е тоа што на истиот учествувала за прв пат девојката коњааник, Драгана Калеска.