ВРШАЛИШТЕ (ВРАВ,ГУМНО) Колку за потсетување на младите генерации да знаат како уморниот селанец години на назад го одделуваше лебното зрно од кластот со коњи впрегнати со јамки и ортома околу стожер,и неуморно галопирање на коњите со потковани копита кои успеват да ги здробат растурените снопје од жито кружно распоредени на вршалката по име врав,и од време навреме превртувајќи го со дрвени вили кружно де на лево де десно,за потоа да ја одделат сламата и направат копа а зрното со дрвена лопата грст по грст фрлајќи го високо и молејќи се на господ да завее ветре да ја разнесе плевата(кошулата на зрното)настрана а зрното потешко паѓа вертикално на куп,а потоа шиник по шиник одмерено и во амбар (складиште) собрано и во вреќи од коноп од време навреме носено на воденица за брашно да смелат под притисокот на воденичкиот камен кој го измачува секое зрно гмечејќи го под притисокот на неговиот товар,брашно да однесат во домот и леб да си месат во фурна да го испечат со слама нагорена(загреана),мирис на топол леб надалеку се шири да се насладиш… Фотографии наши , текс целосно преземан од Извадок од збирката раскази ,,Приказни од моето детство” автор: Олга Наумовска