Петар Трајановски – фудбалер
Живее во Илинден, роден во 2007 год. со фудбал се занимава од својата 5та година. Тренира во фудбалскиот во ФК Виктори кој работи во Марино-Илинден, во тимот на тренерот Виктор Кравченко. Клубот учествува редовно во детските лиги, голем успех постигнаа на новогодишниот турнир во спортскиот центар ,,Мондано” – кој се наоѓа кај средното училиште Јосип Броз Тито, каде што освоија прво место и се закитија со медали. Редовни учесници се на караорман купот во Струга и го посетуваат летниот фудбалски камп. Посветеноста на Петар кон фудбалот, редовните и дисциплираните тренинзи даваат надеж дека на Петар ќе му се исполни желбата да стане врвен фудбалер на некоја од нашите прво лигашки екипи и државна репрезентација.
Населба Илинден на Петар му посакува успешна фудбалска кариера!