Вака беше се до 50- 60-те години од минатиот век.
Во тоа време на најпримитивен начин со дрвено рало и ѕевгар волови ,не само Киро туку и останатите така ја обработувале земјата.
Овој ѕевгар и орач (од овие три души), требало деноноќно да работи за да се прехрани семејството,овој и останатиот добитокот и да се даде данок(порез)на државата.
И, што е најтрагично од се, доколку земјоделецот пак не успее да го плати данокот на време,му доаѓат порезџиите дома или ако е впрегнат на сред пат,му го отпрегнуваат и земаат едниот или двата вола во зависност од висина на данокот (порезот) за да се подмири долгот кон државата .
И, сега нека му е мисли земјоделецот со што ќе работи идната сезона.
За денешно време можеби чудно и неразбирливо, но така беше.