Улица 9 некогаш и сега

0
235
Две фотографии за една улица
Улица-9(поранешна-Гоце Делчев) е централна улица во Населба Илинден.
Првата фотографија е од 1965 година ,а на неа се нашите сограѓани ,тогаш младинци Богоја-Боне Трајковски и Миле Атанасовски,во позадина се гледа стариот Дом на култура и дирекцијата на Земјоделската Задруга „Македонија“(кои веќе не постојат).
Втората фотографија е направена од приближно ист агол ,денес-2016 година ,за старите да се потсетат,а младите да видат како било.
Мал историјат на улицата за оваа улица ,истата од црква до местото кај што се спојувааат ул.8 и 9, пробиена е меѓу двете светски војни.Претходно овој простор имал друга намена .
-Во 1962г.со доброволна работа на селаните на тој дел се формира земјaн пат во некаква форма на улица,најпрво се нареди камен ,а врз него посипан песок кои со запрежни коли се донесуваа од арачиновска река .Секое домаќинство мораше да изгради соодветна должина која се определуваше според бројот на членови на семејството.
-Во 1966г. улицата беше изградена во денешните димензии,со извадената гранитна коцка која се вадеше од скопските улици при реконструкција -асфалтирање на истите ,по скопскиот земјотресот.
-1998 г.беше изграден тротоар од едната страна.
-Во 2002г.гранитната коцка беше извадена и улицата беше асфалтирана.
-Во јули 2015 улицата е целосно реконструирана со нов слој на асфалт.
Претходниот артикал,На некоја свадба во Илинден
Следната статијаГаурови колат свиња-1963

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука