НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 11 ЈУЛИ

0
336

                                           

*11 јули е Светски ден на населението

*11 јули 1999 година Прилеп доживеа фудбалска треска кога се сретнаа тогаш моќната ПОБЕДА и ПЕРУЏА на градскиот стадион во Прилеп.Пред 15.000 љубители на фудбалот, Победа се обидела да му се спротистави на италијанскиот калчолигаш и да го надмине резултатот од 1:0 со кој Италијанците дошле во Прилеп од првиот меч.Но, резултатот од 0:0 во Прилеп, бил доволен за Перуџа да се пласира во наредното коло.Сепак, овој меч сеуште буди емоции, овој меч сеуште се памети од фудбалската јавност и ова е еден од ретките мечеви што претставуваат вистински спектакл и живеат вечно.

* 11 јули 1934 г. Родена е Љупка Џундева — македонска театарска, филмска и телевизиска актерка. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар Љупка Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата актери кои ја завршија Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990година.Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец. Почина на 7 декември 2018 година.

*11 јули 1882.- Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнаа Александрија, а потоа го зазедоа Каиро и целата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на “викторијанската ера”, намерата на Лондон беше да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следеше, Англичаните утврдија спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го доведе до полна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализира Суецкиот канал.

*11 јули 1982.- Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот “Дервишот и смртта”. Покрај тоа познати се неговите романи “Тишина”, “Тврдина”, “Магла и месечина”, “Круг”, како и збирките раскази “Првата чета”, “Туѓа земја” и други. Роден е во Тузла, на 26 македонска актерка.април 1910 година.

*11 јули 1995.- Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

Претходниот артикал,Кружен тек -Кадино,ноќе
Следната статијаФотографија пред изградбата на инустриската зона „Скопје“- 2

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука