16 Aприл 1945 г. добиен налог за пробивање на сремскиот фронт

0
43

16 април 1945 г.на 15 –от македонски партизански  корпус доби налог да го пробие сремскиот фронт,во завршните операции биле ангажирани 25.000 македонски партизани, а при тоа кај Врпоље загинале  210 партизани-борци од Македонија ,меѓу нив беа и нашите сограѓани: Велковски Димитриев Ангел  од Илинден,Давчев Томов Коле од Кадино,Велковски Тодев Боре од Миладиновци,Трајковски Петров Благоја од Миладиновци,Цветковски Тодор  Васил од Миладиновци,Трајковски Петров Стево од Миладиновци,Трајковски Мицков Тодор од Миладиновци,Спасовски Блажов Ѓуро  од Миладиновци и Нацев Петков Велче од Мралино.

Големите жртви се должат на фактот што војниците на корпусот биле опремени само со лесно пешадиско вооружување.Од вкупно 25.000 борци и старешини, на Сремскиот фронт загинале најмалку 1.674 борци, ранети биле 3.400, а за исчезнати се сметале 378 борци и старешини.

Претходниот артикал,Диви патки слетаа во двор
Следната статијаФотографија од улица „8“-н. Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука