* 29 ноември 1955г.с. Миладиновци добило електрична енергија..

* 29 ноември 1926.- Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната “Пена”, прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.

* 29 ноември 1943.- Во Јајце почна Второто заседание на АВНОЈ. Беше основан Националниот комитет за ослободување на Југославија. Декларативно беше одлучено „Југославија да се изгради на демократски федеративен принцип како заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада која пребегна и беше забрането враќање во земјата. Со заседанието претседавал Иван Рибар, а во работното претседателство биле: др Јосип Видмар, др Павле Грегориќ, др Воислав Кецмановиќ, лекарот Иван Милутиновиќ, православниот свештеник Владо Зечевиќ, лекарот Златан Сремац, Сулејман Филиповиќ и Сретен Жујовиќ. Со своите решенија ја конституира нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации.

* 29 ноември 1943.- Народноослободителниот комитет на селото Сливово, Охридско, ја изрече првата пресуда. Воедно тоа е и првата пресуда што ја изрекоа органите на народната власт во НОВ на територијата на Македонија. Сослушувањето и пресудата ја изрече Танаско Трајковски, а се однесуваше за разрешување на имотните односи меѓу тројца селани. Странките се согласија со донесената пресуда.
* 29 ноември 1945.- Во Југославија беше укината монархијата и сите права на кралот Петар II Караѓорѓевиќ.

* 29 ноември 1949.- Во Скопје, на платото пред некогашната Женска гимназија е откриен Споменикот на паднатите борци во НОВ на Македонија.(Денес пред владата на РМ) Изработен е во бронза, а е дело на хрватскиот скулптор Иван Мирковиќ.

* 29 ноември 1956г. роден е боксерот Аце Русевски -Куманово ,во неговата долга и плодна кариера остварил:Републички и државен шампион,учествувал на 2 балкансјки првенства каде освоил 2 златни медаљи,учествувал на 2 медитерански игри и освоил 2 залатни медаљи,1 европско првенство и 1 златен медаљ.1 светско првенство и 2 сребрен медаљ,1 олимписки игри -1 бронзен медаљ , шест пати прогласе беше на листата најуспешни спортисти на Македонија.
* 29 ноември 1973.- Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.

* 29 ноември 1991.- Д-р Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).










































