Двајцата македонски репрезентативци Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски по настапот на Мундијалот во Германија и Данска се вратија дома, а во Илинден, нивното родно место, беа пречекани од сограѓаните.
По иницијатива на фудбалскиот клуб од Илинден, раководството и спонзорите, двајцата ракометари имаа дочек во Гостилница „ДОМА“. Таму тие беа поздравени од многу сограѓани, а најмногу им се радуваа најмладите.







































