Ана Милчевска 23.08. 2003 год. наша сограѓанка од с. Бунарџик , македонска професионална фудбалерка која настапува за Македонската женска репрезентација (28 натпревари за сите селекции на македонската женска фудбалска репрезентација) потпиша нов едногодишен договор со клубот Ланчкути со кој ја освои Грузиската фудбалка прва лига оваа сезона која штотуку заврши. Ана Милчевска ја започна својата кариера во македонскиот фудбалски клуб Драгон во сезоната 2017/18 со кој беше шампионка и најмлад стрелец воопшто во прва македонска лига за жени. Ана потоа премина во редовите на ЖФК Истатов , вице-првак на Македонија сезоната 2018/19. Фудбалката кариера Ана ја продолжи во СФК Сарајево каде беше една година во која истата ја освои првата лига за жени во БиХ и државниот куп. После БиХ , Милчевска премина во Грузиската Прва Лига

настапувајќи за тимовите Самегрело, вице-првак на Грузија за 2023 и сега за Ланчкути каде што за прв пат официјално играше во Лигата на Шампиони во 2023 и 2024 со двата клуба. За оваа нова сезона Ана Милчевска одлучи да го продолжи договорот на уште една година со шампионот Ланчкути каде ја очекува уште еден предизвик во Лигата на шампионите и Грузиската прва лига за жени. Да и посакаме среќа и нови успеси на Ана во новата сезона и уште многу медали и трофеи во иднина.