ЗОКИ НИКОЛОСКИ – ФУДБАЛЕР
Роден на 14 септември 2002год. во Скопје,жител на с.Мралино-Илинден ,ученик во ООУ„Ристо Крле во Кадино. Со фудбал започна да се занимава од своите 8 години во 2010г. започна да тренира во екипата на Ф.К. Илинден, каде се задржа до 2011.
По згаснувањето на младинската фудбалска школа „Илинден“ под раководствона Славе Радевски ,во која како тренер работеше и Сашо Рајатоски ,повеќемина од младите фудбалери заминаа во ФК„Маџари“заедно со тренерот Рајатоски
Зоки во ФК„Маџари Солидарност“ играше на повеќе позиции, а најголемиот дел од натпреварите играше на позициите бег и играч за врска. Оваа година по завршувањето на сезоната Зоки со својата екипа учествуваше на меѓународниот турнир во Дижон,Франција. На овој турнир тој беше еден од подобрите во македонската екипа со постигнати 3 гола и го освоија трофеот за 4-тото место на овој светскиот меѓународен турнир во футсал,во кој учествува екипи од повеќе држави.
Во македонската екипа покрај Зоки во Дижон-Франција настапија и Петар Георгиевски,Дејан Богдановиќ,Бојан Илиев сите од нашата општина.
Сите погоренаведени наши млади фудбалери изразуваат голема благодарност на тренерот Сашо Рајатоски, со кого растеа и од кого многу научиjа за фудбалските вештини .
Населба Илинден на Зоки му посакува успешна фудбалска кариера.










































