Во одлична атмосфера,масовна посетеност и спортски дух синоќа ги проследивме натпреварите за трето место и финалниот натпревар за прво место, со што официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Миладиновци 2019„.
Голема благодарност до судиите за нивното фер судење, како и до спонзорите за помошта и поддршката кон овој традиционален спортски настан. Исто така се заблагодаруваме и на учесниците на турнирот, како и многубројната публика.

Честитки упатуваме до најдобрите на овој турнир:
• Најдобар голман: Кристијан Марковски
• Најдобар играч: Елјеса Незири – Цајо

Екипата на Бесе го освои третото место, второто место го освои екипата на Дионик, а титулата најдобри и наградата од 60,000.00 денари ја понесоа Барселона.

Со спортски поздрав се одјавуваме, и се гледаме наредната година во уште поголем број, со уште повозбудливи натпревари









































