*14 септември 1945г. Во Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија ,а Марија е од Градот Велес,тие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население кај нас.Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно до крајот на својот живот .Како многу правични луѓе својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.