13 НОЕМВРИ 1944 –OСЛОБОДЕНО СКОПЈЕ

0
42

13 ноември 1944г. е ден на ослободувањето на Скопје. Во ослободувањето на Скопје учествуваат Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесеттата македонска бригада, 50-тата дивизија и 8-та бригада, ги започнаа нападите со извесно задоцнување. Претпладнето на 12 ноември тие отпочнаа со нападите на германската одбрана на источниот дел од градот. 16-тата бригада која успеа да разбие неколку непријателски групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора, на 12 ноември попладне, го отпочна нападот на касарните.

Така обрачот се` повеќе се стеснувал околу германските сили. додека градот го бранеа единиците на 22-та гренадирска германска дивизија (47-иот и 65-тиот полк) и делови од 11-тата воздухопловна десантна дивизија и други групи од разни единици.Пред Качаничката Клисура беше распоредена германската тврдинска бригада „Ангермилер“. Се проценува дека јачината на германските единици во Скопје биле сили на повеќе од една дивизија. Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Четириесет и втората дивизија на НОВ на Македонија, во содејство со Шеснаесеттата македонска бригада на Кумановската дивизија на НОВ на Македонија и со помош на вооруженото население, го слободија Скопје и со брзо дејство го спречија уривањето на мостовите на реката Вардар и на хидроцентралата „Матка“.

Претходниот артикал,Свадба на Марина и Цане
Следната статијаКУД „ИЛИНДЕН“Играорци Стојанче и Слободан

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука