Најстариот потомак и основачот на овој род бил Тасе . Уште во турско време многу мал бил доведен во родот Пиличковци да им ја чува стоката и да обавува други работи -момок.
Тасе бил многу вреден и лојален кон родот Пиличковци, каде го сметале како нивно дете,таму израснал и го ожениле и му обезбедиле плац за изградба на куќа,за тоа му помогнал-Кметот Богоја Ѓорѓиевски мој бил од родот Пиличковци .
Тасе имал два сина: Велко и Коле.
Велко се оженил со девојка од Риклевци, која, набргу потоа починала. Потоа се преженил со девојка од Џиковци. Но, ниту од првата, ниту од втората жена, немал деца. Затоа, посвоил едно дете по име Димитрија од Дељадровци, кое таму останало сирак.

Посинетиот Димитрија тука израснал, а откако се оженил, добил три сина: Aнгеле,Бранко иТрипун.
-Ангеле првиот син на Димитрија, загинал во Втората светска војна на сремскиот фронт -1945г. оставајки го своето единствено дете Аница сирак.

Аница,ќерката на Ангеле има две ќерки Славка и Светлана.
Славка првата ќерка на Аница има три деца Николина,Катарина-близначки и Никола ,со децата и внукот Патрик син на Катарина повеќе децении години живее во Чешка.
Светлана втората ќерка на Аница омажена е во Маџари и има две децс Елена и Петар.

-Бранко,вториот син на Димитрија имал два сина Стојанче и Душко и една ќерка Славица која починала и оставила една ќерка Елизабета .
Стојанче,првиот син на Бранко има два сина Гоце и Бранко.
Гоце,син на Стојан -живее во САД и има еден син Чарли.
Душко, вториот син на Бранко има две ќерки Елена и Александра,живеат во Илинден.

-Трипун третиот син на Димитрија имал два сина Благоја и Ангеле и ќерка Снежана .
Благоја (починат)првиот син на Трипун имал два сина Дејан и Бојан.
Дејан,син на Благоја има две деца Михаела и Бисера.
Бојан,син на Благоја има две деца близнаци Благоја и Марија .
Ангеле вториот син на Трипун има две деца Стефан и Елеонора.
Снежана,ќерката на Трипун е омажена во Маџари и има две деца Марјан и Сања.
Марјан има три ќерки Бојана,Анастасија и Јована.
Сања има три деца Симона,Матеј и Марко-близнаци.
Како што може да се види за овој род карактеристично е тоа што во истиот има три пара близнаци.
Податоците за Велкови добиени се од Трипун и Славка ,потомци на овој род.
Фамилијарното презиме на овој род е Велковски . Тие се деленици со Колеви. Куќна слава им е „Св.Архангел“.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************