29 февруари, неколку интересни факти со тој ден.

0
48

На Земјата ѝ се потребни приближно 365,25 дена за да направи круг околу Сонцето. Дополнителниот ден во февруари е додаден бидејќи времето што ѝ е потребно на нашата планета за цел круг околу Сонцето не може да се заокружи на прецизен број денови.

На идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египќани , во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари и тоа секоја четврта година. Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 година, папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот.

Сите престапни години се деливи со бројот четири, освен оние кои се деливи и со 100, a на кои се додаваат годините деливи со 400. Тоа значи дека годините 1800, 1900 и 2100 не се престапни, додека годините 1600, 2000, и 2400 се престапни.

Во многу земји на 29. февруари постојат големи попусти во сите трговски центри.

Народни суеверја и верувања за престапните години

-За овие луѓе се верува дека се посебни чиј датум го носат како свој белег, и се верува дека живеат подолго од останатите.

-Во некои земји се верува дека на 29 февруари жената е таа кој треба да го запроси својот дечко.

-Според народните верувања, во престапна година не се прават венчавки и свадби, ниту, пак, се гради куќа. 

-Црквата не се согласува со ваквите народни верувања и ги отфрла како суеверија.

– Избегнувањето на венчавка во престапна година според црквата е неправилно верување. . Според црковните верувања, секоја година е благословена од господ.

Претходниот артикал,Баба и внука
Следната статијаНАСТАНИ НА 29 ФЕВРУАРИ ВО МИНАТОТО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука