Прикаска за Бродот„ГАЛЕБ“-Охрид

0
57

Првиот современ пловен објект во Охрид, бродот „Галеб“, бил донесен од Белград на почетокот на 1960/61година.

Возењето на бродот по патиштата траел со денови, но најголем проблем се јавил кај превојот Буково каде има два тунели. Кога камионот таму стигнал возачот и организаторот на превозот на ‘Галеб’ виделе дека тунелите се прениски за да се помине низ нив. Немале многу избор. Пловниот објект го донеле на петнесетина километри од Охрид, а минале денови на пат и стотици километри по патиштата. Решиле да преземат поголем зафат. Со помош на раководители од тогашната републичка власт била изградена нова делница на патот. Своевиден бај-пас бил направен на стариот пат Битола-Охрид.

Кога охриѓани разбрале дека камионот со „Галеб“ ги поминал тунелите и дека се приближува кон градот, улиците биле исполнети со луѓе да го видат новиот, најсовремен брод

„Галеб“ во екс Југославија најпрво беше во сопственост на тогашното комунално претпријатие, а по осамостојувањето на Македонија премина во приватни раце, при што беа извршени бројни измени на моторот, надградбата на коритото. Со него управуваа најпознати охридски капетани кои се школуваа на познати поморски школи. Тој и денес плови, а најчесто од Охрид до Свети Наум.”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука