Носење поклон на свадба

0
370

*Благодарност за Наум Велковски, за испратенава фотографија, на истата се Стојанче и Крстана Велковски (Пиличковски),со храната што си ја носат од дома „поклон“, одат на свадба.
На денот на свадбата по правило секогаш во недела, по обавување на чинот на венчавката во црква и дарувањето во дворот на младоженецот ,следувал ручекот.
За да му се помогне на домаќинот секој гост си донесувал пијалок,мезе и храна од дома (поклон).Тоа најчесто било изразено во ракија и вино од пијалоците ,сезонска салата или туршија како мезе и главното јадење печена кокошка со тава ориз(оризник).
По завршување на ручекот гостите стануваат и почнуваат да играат и се веселат ,а присутните деца на свадбата се „пуштаат“по трпезите да дојадат тоа што оставиле гостите.
Овој обичај се одржувал се до шеесетите години од минатиот век.

Претходниот артикал,Свадба на Тоде и Мирјана-1971г.
Следната статијаСвадба на Драган и Љубица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука