Свадба на Ѓорѓи Тодоровски-адет бричење на младоженецот

0
442

Бричење на младоженецот ,адет кој се практикувал на свадбите во минатото.
Адетот бричење на младоженецот следувало по капење на младоженецот, обично каде вода поттурувал деверот,Бричењето се обавувалово присуство на роднини, пријатели, другари, блиски. Иако во повеќе населби постојат различни адети, сепак се’ се сведува на тоа чинот на бричењето пред одење по невеста да го изврши кумот. Насобраните пеат:

„Се собрале до тројца берберида забричат ќитен младожењазашто ќ’иде у добра девојка,добра девојка, ќитена невеста.“

Овој обичај видно изменет од претходниот опис симболично се изведувал и во нашата средина се до 70-80 десетите години од минатиот век,само колку да се одбележи како некогашен обичај.
Фотографија од свадбата на Ѓорѓи и Душка Тодоровски -1974г. симболично се обавува адетот бричење на младожењата.Потоа следува „црнење“ на младожењата ,па се оди на селската чешма на миење.Обичај било како што се гледа и од сликава невестата да го посипува младожењата со вода.

Фотографијата ја испрати семејството на Ѓорѓи Тодоровски.

Претходниот артикал,свадба на Симо и Виолета
Следната статијаСвадба на Благоја-Бане и Славка 1950г

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука