* 17 октомври е меѓународен ден на храната- Ден против сиромаштијата

* 17 октомври 1878.- Избувна Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев – Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. Притоа ја зазедоа касарната и ослободија неколку места каде што беше создадена народна власт. Востанието беше задушено дури во јуни идната година.
* 17 октомври 1907.- Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажа многу попрактична од телефонската врска, за која беа потребни скапи подводни кабли.

* 17 октомври 1912г.Јане Сандански заедно со локалната чета и со локалната милиција го освоил Мелник и го прогласил за слободен град.

* 17 октомври 1916 година како второ дете роден е ДИМИТАР АНГЕЛОВ-ДИНКАТА ГАБЕРОТ.Тиквешко со векови наназад била колевка на голем број револуционери и борци за слобода, кои нежалејќи го својот живот се бореле за поубава и посветла иднина на својот народ. Една од најзначајните личности од историјата на тиквешкиот крај е учителот, револуционер и борец, Димитар Ташов Ангелов – Габерот. Неговото име е толку врежано во свеста на луѓето што во срцата на народот од овој крај прерасна во легендарна личност.
*17 октомври 1942 година во Богомила брутално беа убиени и масакрирани 16 борци. Покрај нив, 64 души беа интернирани во логорите во Бугарија, а други 48 во затворите во Скопје и Велес. Една недела по овој масакр, на 24 октомври 1942 година бил извршен масакр во Долно Јаболчиште

* 17 октомври 1991.- По седумгодишна пауза на електропечката, што беше вклучена на 3 септември 1991 година, топилничарите на ФЕНИМАК ги произведоа првите тони никел.
* 17 октомври 1994.- На конференцијата на Меѓународната финансиска организaција на комисиите за хартии од вредност (ИОСКО), што се одржа во Токио од 16 до 22 октомври, Република Македонија е примена за полноправна членка.

* 17 октомври 1997 во Куба бил погребан Ернесто Че Гевара,легендарен герилски водач.

* 17 октомври 2000.- Во Скопје, во издание на „Круг“ ДОО, излезе првиот број на неделникот „Дневник 7“.
* 17 ОКТОМВРИ 2017 Почина првенката на балетот Јагода Сланева,работеше во балетот на МОБ,настапувај ќи во многу престави.
- 17 октомври 2021 година се одржаа локални избори во Македонија за Градоначалници и Советници за општините и Градот Скопје.