Свадба на Миле и Станка-1971

0
142

Фотографија од свадбата на Миле и Станка Атанасовски во 1971г.На сликата се прикажува моментот на „ДАРУВАЊЕ“,во оваа прилика секој од гостите ги дарува младите ,а свекрвата пак за секој гост возвраќала соодветен дар.Пред младите се постилал килим на кои сите гости фрлале пари ,по што младите требало да ги соберат парите и при тоа се гледало кој од младите ќе соберел повеќе од парите ,тоа значело дека е повреден од другиот .При овој чин младите се поклонувале„КЛАЊАЛЕ“,пред свекорот ,свекрвата ,Кумовите ,старејкото ,деверовите и другите гости. Инаку овој чин како на оваа така и на сите свадби од секогаш бил еден од поинтерсните моменти од свадбата.Насобраниот народ (Сеир)со нетрпение очекувал да види кој каков поклон донел ,ама и невестата ,односно свекрвата со каков дар ќе ги дарува гостите.Секој од гостите морал да добие дар,најчесто еден дел рачно изработени ,а истотака и купени дарови како чорапи плетени и купечки,ткаени вути,кошули и др.Околу 70-тите г.од минатиот век перлон кошула било голем дар(бакшиш)

Претходниот артикал,Оркестарот на КУД Илинден
Следната статијаСвадба на Перо и Милица – 1976г

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука