Доградба на училиштето Гоце Делчев

0
6

Започна изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

Со реализацијата на овој капитален проект се создаваат услови за унапредување на воспитно-образовниот процес, овозможувајќи современо, инклузивно и интегрирано образование, каде учениците ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и практични вештини.

Со изградбата на новиот објект ќе се овозможи над 1000 ученици да ја следат наставата во една смена, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за учење и создавање инклузивна и современа образовна средина.

Објектот ќе зафаќа површина од над 900 м² на два ката, со 10 училници, 6 тоалети, од кои 2 се наменети за лицата со посебни потреби, лифт за нивна непречена мобилност, 2 простории за складирање и наставничка канцеларија.

Општина Илинден расте, се трансформира, се гради!

Продолжуваме со инвестициите за подобри услови во образовните институции !

Претходниот артикал,Борче Ивановски -Борач
Следната статијаОсветена новата Камбана

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука