Фудбалска школа Грозданоски две генерациите 2009 и 2013, Шампиони на Македонија!

0
59

Голем успех на  Фудбалска школа Грозданоски, нејзините две генерации 2009 и 2013 станаа шампиони на Македонија !

Генерацијата 2009 до титулата го изоде најтешкиот пат од сите противници и ги помина сите квалитетни противници за на крајот да не посака среќата и пенал рулетот во финалето да биде на наша страна!

Додека генерацијата 2013 доста уверливо и доминантно на сите утакмици низ целата сезона ја освои оваа титула!

Покрај тоа поединци од школата ги освоија  сите индивидуални награди во тие генерации:

Генерација 2009

-Најдобар голман : Јован Ангеловски

-Најдобар стрелец: Лука Лазаревски

Генерација 2013

-Најдобар голман: Никола Петковски

-Најдобар стрелец: Петар Ацевски

Браво за  сите млади фудбалери, тренери и родители!

Населба Илинден Ви посакува да редите уште поголеми индивидуални и екипни достигнувања!

Претходниот артикал,На 13 Јуни 2022, Осветување на црквата Св. Троица во Бучинци
Следната статијаОсветување на Црквата Св. Троица-Бучинци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука