Одгледување сончоглед

0
617
Во Илинден и сите околни населени места во овој дел од скопска блатија производството на сончоглед до 90-тите години од минатиот век беше меѓу позастапените земјоделски култури .Денес тоа производство сведено е на занемарливи површини.На сликава доле плантажа од сончоглед , а горните две се од домашните архиви на наши сограѓани првата слика , отсечените „чалми“(така ги нарекувавме сончегледовите глави) се растоварат во дворот на родот Чуварови.Втората слика рачно „чукање“ на сончоглед избивање на зрното од чалмата , во Аџиевци, каде Дика и керка и Марина чукаат сончоглед.Да потсетиме и тоа дека сите работи од сеење ,копање,берење,чукање на зрното се работеа рачно,со ангажирање на сите членови од семејството.Исто така на „чукањето“на сончогледот учествуваа и повеќе комшии,роднини другари и тоа беше пропратено со песни,шали,прикаски и друго.

 

Претходниот артикал,Млади од Илинден -1945
Следната статијаКоњска запрега основно превозно срдство до 60-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука