СУДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СРЗ

0
447

*Во јуни 1947 година, за време на општата колективизација во Македонија, биле формирани посебни селски работни „СРЗ“задруги, во кои во почетокот влегувале главно посиромашни фамилии

Меѓутоа, спроведувањето на процесот на колективизација не одел без проблеми во Илинден. Се употребувале и присилни методи, изразени на разни начини. Еден од тие начини бил и држењето на коференции во црквата, кои често пати траеле и цела ноќ, при што, била применувана мерката на убедување, на присила, а, не ретко, и ќотек за поглавните бунтовници. Иронијата била толку голема, што, наредниот ден, кога бил празничен собир, најголемите бунтовници биле принудувани на селските игранки да го водат орото и да го величат процесот на колективизацијата. Но, кон оние најтврдокорните, кои и понатаму останувале со убедување против колективизацијата, биле организирани јавни судски процеси.

За спроведување на колективизацијата предвидени биле неколку варијанти – начина, во село не ја пифаќале предложената и форсираната варијанта ,туку нашите сограѓани тогаш биле за друга варијанта и тоа било главен изговор за неприфаќањето на колективизацијата.

Од друга страна властите по секој начин настојувале колективизацијата да се спроведе онака како што ја предлагаат властите.

Отпорот бил од ден на ден се поголем и по организиран, во таков случај властите се одлучиле да го скршат отпорот преку судење на неколку највлијателни личности ,со цел да се „скршат“и останатите.

Така, во еден еден ден во 1950 година, бил закажан и одржан судски процес кој се одржал во дворот на црквата ,а за судење биле одбрани: БЛАЖО НИКОЛОВСКИ(АЏИЕВСКИ), ТРАЈАН ЃУРОВСКИ (КОСТАДИНОВСКИ) и СПАСО ЃОРЃИЕВСКИ (МАЏУНКОВ).

На судењето задолжително било присуството на сите селани од Илинден.

 На тој процес, судот на по 9 години затвор ги осудил: БЛАЖО НИКОЛОВСКИ(АЏИЕВСКИ), ТРАЈАН ЃУРОВСКИ (КОСТАДИНОВСКИ) и СПАСО ЃОРЃИЕВСКИ (МАЏУНКОВ).

Извесно време, по овој процес, откако веќе колективизацијата почнала да се спроведува со затворска казна од 6 месеци бил осуден и ВЕЛЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ(ПИЛИЧКОВСКИ), а еден месец бил притворен АТАНАС МИТРОВСКИ(ЉУБОТЕНЕЦ).

Велче Пиличковски како најстар брат во семејството (биле 5 браќа ,а татко немале),се противел со сите сили против влегувањето во колективите,пред се се чуствувал одговорен за семејството-браќата,како ќе живеат без имотот и стоката.

На тоа му било одговорено дека браќата ќе бидат ангажирани преку изучување на разни курсеви за трактористи,шнајдери и друго и во тој случај и тој се согласил и со цел имот и сточен фонд влегол и тој во колективот. По извесно време се отвориле разни курсеви , а ниеден од браќата на Велче не бил земен за изучување на некој занает.Револтиран од таквата постапка еден ден Велче со браќата отишле си го издвоиле својот крупен и ситен добиток од задругата-колективот и си дотерале дома.Тоа било причина за негово затварање од 6 месеци.

 Осудените Блажо,Трајан,и Спасо во затвор останеле 3 години,  1953 година, затворот го посетил некој политички големец и се заинтересрал зошто се осудени овие лица . добил одговор дека биле против колективизацијата.

„Големецот“ наредил истите да се  ослободат бидејќи процесот на колективизацијата пропаднали безпредметно било некој да лежи во затвор ,за нешто што веќе е напуштено ,односно пропаднало.

По пропаѓање на колективите, требало да се врати имотот, земјата, сточниот фонд и алатот-орудијата за обработка на земјата на селаните . Но, од сето тоа, за враќање, останала само земјата-нивите, дел од добитокот, а се друго било уништено и немало што да се врати. По ова, настапува период на индивидуално земјоделско производство, кое било оптоварено со силни давачки спрема државата.

Текстот е составен според усни кажувања на постари наши сограѓани.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 Декември
Следната статијаБане,Славка и Новица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука