Денеска е Свети Гаврил Лесновски
Тој живеел во XI век, се е родил во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнувал од семејство на богати и благородни родители кои долго време биле бездетни, та синот им се јавил како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето добило добро образование, и со Божја помош ги изучил „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испуштал од рацете. Кога пораснал, родителите му нашле девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакал и се молел на Бога да го запази девството. Девојката умрела пред да се земат, а Гаврил наследувајќи од родителите големо богатство, се замонашил. Основал манастир на Лесновската планина, близу до Кратово, а црквата ја посветил на светиот Архангел Михаил. Собрал монаси, поставил игумен и таму го оставил сиот свој имот. Тој самиот се оддалечил во планината во отшелнички живот. Се подвизувал со сеноќни бденија и деноноќни молитви и претрпел многу искушенија од демоните. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостоил со дар на чудотворење. На тоа место поживеал 30 години, а потоа се вратил во манастирот каде што починал, на 15 јануари. 30 години по неговото упокојување, му се јавил на сон на еден руски монах по име Јосиф, кој се подвизувал во Софија, па тој заедно со софискиот митрополит отишле во Лесновскиот Манастир и ги нашле моштите на светителот, и ги поставиле за целивање во црквата. Од моштите постојано се источувале разни чуда и многу луѓе добиле исцеление. Кога Балканот беше нападнат од Турците, бугарскиот патријарх, за да ги заштити од уништување, ги пренел моштите во столицата на тогашното царство, во Трново, каде што останале до 1393 година, кога Трново паѓа под турска власт, и потоа им се губат трагите.