Обичаи на денот на змиите во село Орман, Скопско

0
620

*На 22 март во селото Орман, Скопско   се верува дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден

„Овој ден е ден на змиите.“. – кажуваат во своите објаснувања селаните. Уште се верува дека на тој ден змиите не касаат па дури и да каснат не се отровни. Затоа можат да бидат фаќани. Освен тоа народот верува дека ако тој ден змијата се допре до облеката на човекот тој човек ќе биде среќен преку годината.И затоа тој ден некои луѓе одат по карпите и бараат пред ручек да фатат змии и ги пуштаат да минат преку крпи, шамии, ризи и друга облека .

Главно жените држат до тие верувања, особено жените што немаат деца или тие што саат да имаат уште деца. За таа цел во селото Орман на околу 300 метри југозападно од него по патот кон селото Вучидол, при каменестиот рид до патот, каде што според населението имало многу змии или како што велат е „цел змијарник“ откако некои мажи ќе фатат утрото една или неколку змии, се собираат млади и стари моми, момци и женети, та кој сака или има нужда, постила некаква крпа или облека на патот, а мажите што ја фатиле змијата, ја пуштаат од страна во правец на посланите облеки. Сите гледаат дали ќе мине змијата преку нив. Ако мине добро е, а ако не мине сопствениците си ги преместуваат облеките пред неа и тоа го прават дотогаш додека змијата најпосле мине. Тоа е можно зашто во тие рани денови на пролетта змиите се движат бавно и мрзеливо.

На тоа место во селото Орман уште утрината доаѓаат моми, момци, жени, мажи и од соседните села: Вучидол, Ново село, Бардовци, Кучково, Жостово, Чучер, Брзада и други села од Црногоријата. Тие не идат само за да си го задоволет љубопитството. Идат, исто така, и граѓани од Скопје што веруваат.

Во минатото,  обичајот почнувал со песни од страна на девојките и невестите пред дупките, во кои живеат змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле со кавали и шупелки. И во едните и во другите случаи верувале дека змиите биле привлекувани или од песните или од свирките и излегувале надвор та ги фаќале. Сета веќе не го прават тоа.

Фатените змии обично пепелашки, откако ќе заврши обичајот ги пуштаат на слобода во околните камења на ридот. „На денот на змиите, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денеска и на никој начин не се согласија да ја убијат кога им предложив. „На друг ден може, ама денеска не! – ми рекоја.

На друго место во Скопско овој обичај не се прави.Преземено од http://www.mn.mk/

 

 

Претходниот артикал,Утвреден редоследот на кандидати за избор на Претседател
Следната статијаЕкипа „Два Вира“ -Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука