ШЕЌЕРНА ТРСКА-(Saccharum)

0
328
ШЕЌЕРНА ТРСКА-(Saccharum)
Можеби не сте знаеле дека шекерната трска во 50-те години од минатиот век се произведуваше и кај нас во Илинден ,на потегот Крива Ливада,Ќосавица и други места.
За берење стасуваше во септември или октомври, кога трската ќе била стасана за берење, се собирала се луштела од листовите за да остане само стеблото. Потоа се сечкала на стапчиња од 5 до 10 см. Така исечкани стапчињата биле ставани под преса се додека од стапчињата не се исцеди сокот. Потоа ширата се цеди и се аргазува.
Потоа може од неа да се прави пекмез (со варење и згуснување на ширата) или да се прават разни слатки – нрацели од тиква, или рендани тикви (маџун), варено грозје со шира и други слатки (може и слатко од дуњи).Кај нас во Илинден преработка на шекерната трска се одвиваше во импровозиран објектодма до црквата Св.Константин и Елена ,а секоја вечер пред да се мијат казаните беше збирно место за децата да пробаат малку да се засладат од дневното производство.
Инаку,шеќерната трска(науч Saccharum) — најзастапена индустриска култура и се користи за производство на шеќер. Таа најдобро успева во тропските предели каде што температурите на воздухот се високи во текот на целата година. Поволни услови за нејзино одгледување има и во суптропските предели, во близина на морињата и океаните.
Имено, многумина не знаат дека шеќерната трска е основно растение за производство на шеќер и дека првиот шеќер бил добиен од шеќерна трска. Шеќерната трска прв пат е пронајдена во Индија, односно нејзините слатки карактеристики, каде што и започнала нејзината обработка и производство на денешниот светски омилен засладувач.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука