Хулк Таеквоно Академија на меѓународниот натпревар “Скопје Опен” во натпревари во олимписко таеквондо што се одржа на 7 април 2019 г. освои 4 златни, 4 сребрени и еден бронзен медал.
На овој турнир учествуваа преку 400 натпреварувачи од 7 различни држави.
Тимот на Хулк Академија настапи со 10 натпреварувачи за кој што тренерот Филип Анастасовски вели дека се елитната единица на клубот.









































