Киро Саздовски-ковачот,ора со ѕевгар волови и дрвено рало.

0
741

Вака беше се до 50- 60-те години од минатиот век.

Во тоа  време  на најпримитивен начин со дрвено рало и ѕевгар волови ,не само Киро туку и останатите така ја   обработувале земјата.

Овој ѕевгар и орач (од овие три души), требало деноноќно да работи за да се прехрани семејството,овој и останатиот добитокот и да се даде данок(порез)на државата.

 И, што е најтрагично од се, доколку земјоделецот  пак не успее да го плати данокот на време,му доаѓат порезџиите дома или ако е впрегнат  на сред пат,му го отпрегнуваат и земаат едниот или двата вола во зависност од висина на данокот (порезот) за да се подмири долгот кон државата .

И, сега нека му е мисли земјоделецот со што ќе работи идната сезона.

За денешно време можеби чудно и неразбирливо, но така беше.

Претходниот артикал,Петре Завировски ќе настапи на „Охрид ТрчаТ”
Следната статијаМеморијален натпревар помеѓу Ф.К.Бунарџик РП -Ф.К.Миладиновци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука