33.2 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 32

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Стојан Бејтовски со семејството

0
На фотографијата Стојан и Тода Бошковски (Бејтовски)од Илинден со децата, фотографирани во 50-тe години во традиционално народна носија. Фотографијата е колоризирана од страна на...

Тодор и Цвета -1965г.

0
На фотографијата Тодор и Цвета ,млад брачен пар од Кадино . Фотографијата е направена на плоштадот во Скопје околу 1965 година.

Митре и Марица Ваневски

0
На фотографијата Митре и Марица Ваневски од Кадино и еден непознат-1965г.Женската народна носија остана да се користи особено во одредени верски празници ,свадби и друго,за разлика...

Димитрија и Славка со внуките

0
На фотографијаата Димитрија и Славка од Бучинци со внуките Билјана и Бранкица во 70-те години?

Стари објекти

0
Во населба Илинден сигурно има повеќе од 1000 семејни индивидуални куќи и други помошни објекти, речиси сите тие  со исклучок на четири, изградени се...

Летка,Боре и Славица-1970

0
На фотографијата млади од Илинден во 1970 година Летка Стојановска ,(Боре Ангеловски) и Славица Ѓорѓиевска. Летка омажена за Пане од Кадино каде и денес живее,семејството...

Дафинка Ѓуровска во 70-те

0
Фотографија од 70-те години од минатиот век, на истата Дафинка Ѓуровска од Илинден,а фотографијата ја отсликува тешката улога на жената во...

ХРИСТИНА СИЛЈАНОВСКА ЈОСИМОВСКА-УМЕТНИК

0
УМЕТНИК НА ДЕЛА СО ФИЛИГРАН ТЕХНИКА ОД СРМЕН КОНЕЦ Македонската уметничка креативност најдобро е изразена во прекрасните филиграни, врвни дела на големите стари мајстори со...

Трпе со сопругата Ефка и трите сина

0
На фотографијата е дел од семејството на Трпе и Ефка Павловски(Џиковски),од осумте деца на Трпе на фотографијата се најмалите синови Миле,Љубе и Николче. Фотографијата е...

Цветан Трпевски-Цеко,музичар-хармоникаш

0
Цеко,роден и живее  во Илинден ,потекнува од староседелскиот род Шкодреви,од тој род-фамилија произлегле многу лица надарени пред се за занаетчиството,уметноста и  фолклорот.  Неговото име непосредно...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ