Цеко,роден и живее во Илинден ,потекнува од староседелскиот род Шкодреви,од тој род-фамилија произлегле многу лица надарени пред се за занаетчиството,уметноста и фолклорот.
Неговото име непосредно е врзано за КУД Илинден,тој е од самите почетоци на друштвото беше активен се како одговорен за музичката секција на друштвото, се до постоењето на стариот КУД Илинденво 80- те години од минатиот век.
Инаку, денес АНПИ- Илинден е наследник на КУД Илинден.
Хармониката беше инструментот преку која ги изведуваше пред се македонските песни и ора , но и многу други поставки на друштвото од тоа време.