-0.2 C
Skopje
петок, декември 19, 2025
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Носење поклон на свадба

0
*Благодарност за Наум Велковски, за испратенава фотографија, на истата се Стојанче и Крстана Велковски (Пиличковски),со храната што си ја носат од дома „поклон“, одат...

Свадба на Тоде и Мирјана-1971г.

0
*Благодарност за испратната фотографија на Toдора Зеленика-Дука, сестра на младоженецот, од свадбата на Тоде и Мирјана -1971г .Тоде потомок на Јаневи,син на Трајан и...

Свадба на Васе и Нада.

0
*Фотографија од свадбата на Васе Павловски и Нада Илиевска ,1961година. На фотографијата се и Благоја Нацевски од родот Савеви,вујко на невестата,Божа Илиевска ,мајка на невестата,...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ