Бисерот на османлиското културно наследство во Скопје
Се наоѓа во Старата скопска чаршија, во дворот на Музејот на Македонија – под Скопското кале
Во историските извори првпат се споменува како задолжбина на Мула Муследин Оџа, син на Абдул Гани во 1550 г, кој бил дворски научник на султанот Селим II, но се смета дека е изграден многу порано, односно во првата половина на XIV век

Куршумли ан во своето постоење ја менувал својата функција, па до 1787 година бил ан, а од 1787 до 1904 служел како затвор, а во него затворска казна издржувале и неколку личности од нашата средина. Од 1904 до 1914 година повторно бил претворен во ан
Овој историски комплекс бил често користен и како локација за снимање на македонски филмови, серии.