Офицерскиот Дом во Скопје

0
36

 Офицерскиот дом е направен по нарачка на тогашната држава СХС  односно од  тогашното министерство на војската на СХС, со цел за место на собирање на тогашната скопска елита и високите воени чинови за организирање и одржување на гоолеми банкети и гала вечери.

За идејниот проект бил задолжен рускиот емигрант Василиј Фјодорович фон Баумгартен, и за шест месеци тој го проектирал идниот објект – Офицерксиот Дом во Скопје.

 Целокупниот план на објектот е завршен во 1925 гдоина, кога и започнала неговата  изградба ,  а градбатаза завршила во 1929 година кога  Скопје добило еден од најграндиозните објекти во градот.

После II светската војна званично име му е ДОМ на ЈНА, но помеѓу скопјаните бил познат само како офицерски дом.

За жал, во 1963 година Офицерскиот Дом е катастрофално оштетен од скопскиот земјотрес и тогашните власти, односно тогашниот Претседател на град Скопје, Благој Попов со сета стручна фела од градежната област одлучуваат дека Офицерскиот дом бил толку оштетен што не се исплатело воопшто да се обновува,па најдобра солуција била истиот да се сруши.

Објавата се заснива според  кажувања на постари  жители на Скопје.

Претходниот артикал,Ана Милчевска- фудбал
Следната статијаФ.К.ВАРДАР, се врати во првата фудбалска лига

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука