Месноста Марково Крувче се наоѓа на на околу 2 км.источно од Средно Водно,до негу се стасува по трим патека.
На една височинка до која води води патека се наоѓал средновековниот град/утврдување/кастел Маркови Кули или Чрнче (од овој топоним води потекло името на денешната населба Црниче).
Меѓу 1976-1980 година се правени археолошки ископувања и најдени се монети од повеќе периоди, почнувајки од VI век, од времето на Јустинијан I
. Пронајдени е и керамика и остатоци од повеќе објекти како одбранбени кули, цистерни за вода, водовод и др. Утврдувањето било обновено во X век. Последните артефакти потекнуваат најдоцна од XII или XIII век.
Местото пружа одличен поглед на Скопската котлина.