НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 16 Ноември

0
337

* 16 ноември 1962.- Скопје, Охрид, Струга, Титов Велес, Ресен, Кичево, Битола, Новаци, Прилеп, Тетово, Крушево, Богомила и голем број села и населби во Западна Македонија, биле погодени од водената стихија, што била резултат на вонредно силни дождови. Водите на Шарпланинскиот слив од Бистра и од другите планини што гравитираат кон Треска, запенавени и матни се струполувале во коритото на матната река Вардар. Во Скопје урнати 1.050 куќи, 157 згради под вода, 4.445 граѓани без покрив; во Петровечко поплавени близу 4.000 хектари плодна земја. Водената стихија урнала три моста во Скопје и три во Ѓорче Петров. Во Охрид, биле урнати од поплавата 36 куќи, оштетени – 57, а во 56 куќи не можело да се влезе. Во голем број градови извршена била општа мобилизација на населението, на припадниците на ЈНА и Народната милиција, а биле ангажирани сите можни превозни средства. Од Неготино до Демир Капија, Вардар бил широк 400 метри во просек. Кај Гевгелија езеро широко 8 километри. Во гевгелиско урнати 5 мостови. На 2 километри до Гевгелија, возовите „пловат“ 200 метри низ вода. Во тетовско, поплавени 3.000 хектари, и однесени 8 мостови.

* 16 ноември 1898.- Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година.

????????????? ?? ???????????, ??? 2, Jugoslavenski Leksikografski Zavod “Miroslav Krleza”, ??????, 1985

* 16 ноември 1912.- Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската битка, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.

* 16 ноември 1923.- Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Своето детство го минува во родното Ниќифорово, а како момче на четиринаестгодишна возраст заминува во Белград, каде  ќе  го осознае тешкиот печалбарски живот, работејќи и по 15 часа дневно, носејќи  малтер, тули , дрвена граѓа и сл По шестоаприлската окупација   на Кралството  Југославија во 1941 година , Чеде Филиповски се враќа во својот роден крај и активно се вклучува во националното ослободително движење. За кусо време  станува член на Месниот комитет за Гостивар, а во 1942 година, беше поставен за секретар на Околискиот комитет на КПМ за Гостивар. Во пролетта 1943 година, заминува на терен,  во воена  единица, каде политичката  ја заменува со воените активности.  Првата воена функција  му е заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, во 1943 година  беше поставен за командат на батаљон и заменик командант на бригада , а во 1944 година  беше поставен за заменик-командат  и командант на 48 македонска дивизија на НОВЈ. Доживеа да е на чело на дивизија, да го ослободи и родниот крај, да ја види слободна Македонија. По ослободувањето, во мај 1945 година беше испратен во Белград, каде со голем успех ја завршува Вишата воена академија. Јуначакото срце на херојот Даме , престана да чука на 26 јуни 1945 година, веднаш  по сообраќајната несреќа  што му се случи кај Радовиш, возејќи мотор од Штип  кон Струмица.Загинувањето на Даме беше мистерија, која и по 65 години се уште не е разјасната.Дали беше сообраќајна  несреќа или пак ликвидација на херојот!?На 1 август 1949 година потсхумно беше прогласен за народен херој на Југославија. Носител беше на “Партизанска споменица 1941”, на “Партизанска ѕвезда” и на други одликувања.

*16 ноември 1948 г.роден е Мате Парлов,бил југословенски и хрватски боксер. Тој бил олимписки победник на Летните олимписки игри кои се одржале во 1972 година во Минхен. Во 1974 година станал светски првак во Хавана, а во полутешка категорија бил на два пати шампион на Европа. Претходни, Парлов бил осумкратен шампион во бокс на Југославија 1967-1974, на два пати ја освојувал титулата Златна ракавица, а пет пати бил најдобриот боксер на Балканот 1970-1974.Во 1988 и 1994 година бил избран за најдобар спортист на Југославија. Тој се смета за најдобриот и најголемиот хрватски боксер на сите времиња, како и еден од најголемите хрватски спортисти на 20 век.Роден е во Сплит, а инаку по потекло е од село Ричица близу Имотски, Хрватска.Починал во Пула на 29 јули 2008 година.

*16 ноември 1995 година почина Македонската актерска легенда Петре Прличко. Ликовите на незаборавниот Мандана, Фезлие, стрико Тале, Диме грлатиот, дедо Дојчин, Арсо, Јеротие Пантиќ- на платното и театарските штици ги овековечи македонскиот актер Петре Прличко.Со право титулата за најголемиот меѓу актерите во историјата на македонската театарска и филмска уметност му е наменета на Петре Прличко.
Во својата кариера од 66 години Петре Прличко има одиграно 8.000 претстави, 32 филма, 6 драмски текста, 11 драматизации. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.

* 16 ноември 2001.- Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

  • 16 Ноември 2023 г.почина Мето ЈОВАНОВСКИ

(роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско – 16 ноември 2023) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

#Нека почива во мир, сочуство до семејството..

Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија

Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“;

Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;

Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“

Награда на градот Скопје „13 Ноември“

Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980)

Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);

Државна награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“

Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;

Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)

Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“

Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш;

Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања

Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност

Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки, во режија на Паоло Маџели, работена во Црногорско народно позориште;

Награда 11 октомври за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година

Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008

Мето Јовановски е почесен член на Црногорско народно позориште;

Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ – 2008, за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза, или која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, Драмски театар.

Награда „Петре Прличко“ – 2010

Награда Св “Јоаким Осоговски” – 2013

Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015

Награда “Омаж” 2019

Награда Киненова за особен придонес во филмската уметност 2021

Награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир “Златен чадор” 2022

Награда на фестивалот “Јоаким Фест” за претставата “My name is Goran Stefanovski” 2022

Претходниот артикал,Ф.К.Бунарџик од Бунарџик
Следната статијаЈапонско Јаболко

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука