19 МАЈ 2016,СВЕЧАНО БЕШЕ ОТВОРЕН НОВОДОГРАДЕНИОТ ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“,ВО ИЛИНДЕН.
Во општина Илинден денеска се отвори нов дел од градинката „Гоце Делчев“, со капацитет за 170 дечиња. Инвестицијата, е 17 милиони денари.
Со ова ќе им се помогне на 170 семејства ,да ги сместат своите деца во градинка со модерни услови.
По пуштањето на новоизградениот дел ,градинката „Гоце Делчев“,се стекнува со капацитет 400 деца и се вбројува во една од поголемите градинки во скопскиот регион. Камен темелникот на новата доградба на постојната градинка беше поставен на 4 јули 2015г.
Инаку, детска градинка „Гоце Делчев“ е изградена во 2009 година со капацитет за згрижување на 80 деца. Со првото проширување во 2012 година градинката може да згрижува 230 дечиња. Најновиот дел е со површина од 60 метри квадратни со што вкупната површина на градинката изнесува 2.000 метри квадратни. Изградени се седум нови занимални, нова кујна, како и нова сала за приредби и манифестации.






































