
*13 јули 1951.- на Голи Оток починал Панко Брашнаров познат и како Панко Брашнар, член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. По објавувањето на Резолуцијата на Информбирото против раководството на КПЈ во јуни 1948 година, Брашнаров недвосмислено застанува на страната на СССР и Сталин во спорот. На 1 октомври 1948 година, заедно со Павел Шатев, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека:
„Прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК на КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји.Поради различните ставови со највисоките државни органи Брашнаров е уапсен на 11 декември 1950 година и на 29 јуни 1951 е осуден на „општествено полезна работа во траење од 24 месеци.“ Во првите денови од јули е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира.60 години не се знаеше каде се погребани неговите посмртни останки. Во септември 2011 година, новинарска екипа на емисијата КОД, составена од новинарите Владимир Тевчев и Александар Кукулев и снимателот Данчо Стефков успеа да го пронајде гробот на Панко Брашнаров. Закопан е на градските гробишта Мирогој во Загреб. Неговите посмртни остатоци доживеале две есхумации. Во 1953, две години по неговата смрт на Голи оток, тој е погребан на загребските гробишта. Во 1971 година е есхумиран во заедничка гробница, во близина на првото гробно место, а во почетокот на осумдесеттите, неговите коски, заедно со коските на уштенеколкумина негови современици се преместени на необележана гробна парцела, на крајот на гробиштата.

*13 јули 1905 година, во селото Ресава во голема борба помеѓу турската војска предводена од кајмакамот на Кавадарци Шефки Али бег и четата на тиквешкиот околиски војвода Добри Даскалов, загина ВАНЕ СТЕФАНОВ-ТНЕКЕЏИЈАТА, еден од најмладите борци во четата на Даскалов. Во борбата загинал и Ѓоре Јованов од с.Бегниште. Војводата Даскалов бил потешко ранет, а ранети биле Лазо Ридов Асијата и Коцо Лолов од Кавадарци. По борбата селото Ресава било запалено.
*13 јули 1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото светско фудбалско првенство, на кое во конкуренција на 13 екипи победи репрезентацијата на земјата-домаќин.

*13 јули 1941г.загина ДИМЕ ПОП-АТАНАСОВ,првиот борец во НОБ во Македонија,прва жртва на фашизмот ,предаден од домашните предавници,во судир со бугарската војска ,Диме е роден во 1917г. во неготинско
*13 јули 1946.– При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.

*13 јули 1990.- Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.