Професијата учител, по некаква слободна дефиниција, е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети
Денешнава објава за светскиот ден на учителите ја посветуваме на нашите први учители на мајчин македонски јазик во Илинден и тоа за: Михаил и Марија Мелникови и Анче Дејановска.
-Михаил и Марија Мелникови
На 14 септември 1945г. Во Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија ,а Марија е од Градот Велес,тие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население кај нас.Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно до крајот на својот живот .Како многу правични луѓе својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.

-АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА, целиот работен век го помина во нашето ООУ Гоце Делчев –н.Илинден.Во Илинден се доселила во 1950 година и до крајот на својот живот остана да живее и работи тука.Млада полна со љубов полет,ја започнала својата учителска кариера . Во тешките повоени услови ,саздава блиска соработка со населението.Покрај редовната активност со учениците таа формира и аналфабетски курсеви за описменување на возрасното неписмено население,сиот културно-забавен живот во училиштето и селото го организирала Учителката Анче .Најголема нејзина љубов беа децата-учениците ,таа немаше нејзин пород ,но затоа како мајка ја доживуваа многу генерации деца од Илинден.
Учителката АНЧЕ беше носител на сиот култтурно –забавен живот и во селото сите културни активности во селото беа во нејзина организација. А, фолклорот и беше особена љубов ,со нејзината училишна фолклорна секција беше формирано КУД Илинден во 1975 година.Нејзината топла насмевка ,нежниот збор,нејзината искреност и љубов кон учениците и населението ,ќе останат длабоко врежани во срцата и душите на населението од Илинден.Почивај во мир наша учителке АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА,ти остави неизбришлив траг во Илинден.






































